Трамп до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати нова закана до Иран, најавувајќи дека САД ќе ги уништат иранските електрани и мостови во вторник, ден откако ќе истече ултиматумот што му го даде на Техеран за отворање на Ормуската Теснина.
– Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете ја прокелетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол – САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава му на Алах, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Трамп и вчера му се закани на Иран дека има 48 часа да склучи договор, а во спротивно, како што наведе „целиот пекол ќе се урне врз нив“.
Трамп денеска објави и дека дека американската војска го спасила „длабоко во планините на Иран“ вториот член на екипажот на борбениот авион Ф-15 што беше соборенен од иранската противвоздушна одбрана. Тој додаде дека спасениот пилот е „сериозно повреден, но и навистина храбар“ и оти операцијата за спасување била исклучително ризична
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп до Иран: Отворете ја проклетата теснина,…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати нова…
Техеран го негира Трамп: Операцијата за спасување…
Иранската војска соопшти дека американската операција за…
Спасен е пилотот на соборениот американски авион…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…
Поранешниот шеф на МААЕ ги повикува ОН,…
Поранешниот шеф на Меѓународната агенција за атомска…
МААЕ: Погодени делови од иранската нуклеарна централа
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти…