Објавено на:

Трамп и Шпанскиот премиер Санчес ќе бидат на финалето на Светското првенство, фон дер Лајен ја одбила поканата

t

Шпанскиот премиер Педро Санчес ќе отпатува во САД утре за да го гледа натпреварот помеѓу Шпанија и Аргентина во финалето на Светското првенство. Портпаролот на шпанската влада потврди дека Санчес ќе биде на трибините, откако и шпанското кралско семејство објави дека ќе го гледа мечот на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси.

Ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп, кој би можел да се соочи со еден од неговите најгласни европски критичари. Портпаролот на Санчес изјави дека е малку веројатно дека тој ќе има билатерални средби со американски претставници на маргините на натпреварот.

Тензиите помеѓу САД и Шпанија пораснаа во изминатиот период откако Санчес ја критикуваше американската надворешна политика, особено војната во Иран.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја одбила поканата да присуствува на финалето.

„Претседателката доби покана за финалето на Светското првенство, но поради причини поврзани со нејзината агенда нема да оди“, изјави Паула Пињо, главна портпаролка на Европската комисија.

На трибините нема да биде и аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој преферирал да го гледа мечот дома поради суеверие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп и Шпанскиот премиер Санчес ќе бидат…

Шпанскиот премиер Педро Санчес ќе отпатува во…

Лимани: Забраната за користење на водата во…

Градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани, ги повика…

Американските рафинерии профитираат од глобалната побарувачка, цените…

Американските рафинерии остваруваат значителни приходи поради рекордната…

Поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец е речиси…

Поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец повторно е…

Влада: Работодавците ќе добијат до 250.000 денари…

Отворање нови работни места, намалување на невработеноста,…