Лимани: Забраната за користење на водата во Гостивар останува до лабораториските резултати

t

Градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани, ги повика граѓаните да останат смирени и да ја почитуваат привремената забрана за користење на водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна, која ќе остане во сила сè до објавувањето на официјалните лабораториски резултати.

Според Лимани, мерката е донесена по препорака на Агенцијата за храна и ветеринарство како превентивна мерка за заштита на здравјето на населението.

Тој информираше дека редовните анализи што ги спроведувало ЈП „Комуналец“ досега покажувале дека квалитетот на водата бил во рамките на законски дозволените параметри. Во меѓувреме, Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи и другите надлежни институции земале примероци за дополнителни лабораториски испитувања.

Осврнувајќи се на информациите за можно вбризгување отпадна вода во водоводниот систем, Лимани изјави дека, според информациите добиени од ЈП „Комуналец“, на посочената локација не постои канализациска мрежа. Сепак, нагласи дека сите наводи ќе бидат темелно проверени и дека конечниот збор ќе го имаат надлежните институции.

Претходно, Министерството за внатрешни работи соопшти дека постојат основи на сомнение дека ЈП „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито со истечни отпадни води, преку кои, според сомневањата, вода била вбризгувана во главниот водоводен цевковод за да се зголеми притисокот во мрежата поради недостиг од питка вода. Случајот е предмет на истрага, а овие сомневања засега не се потврдени со конечните лабораториски анализи.

Во изминатите денови, повеќе од 1.200 жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби и гастроинтестинални симптоми.

Градоначалникот ги повика граѓаните да се информираат исклучиво од официјални извори и да не шират непроверени информации, нагласувајќи дека сите понатамошни мерки ќе зависат од резултатите на стручните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција денес очекува 140.000 демонстранти

Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп –…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Гугл“…

Романскиот претседател повика на посилен надзор на…

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болните…

Жителите на Општина Брвеница утре ќе гласаат…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…