Објавено на:

Трамп: Иран може да биде уништен преку ноќ

t

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање испрати низа остри и контроверзни пораки за Иран, меѓу другото велејќи дека „рокот за примирје кој важи до утре, 7 април во 8 часот по источно време е краен“. Тој тврдеше дека само тој може да донесе одлука за примирје отфрлајќи го предлогот за 45-дневен прекин на огнот.

Неговите изјави доаѓаат во момент на зголемени тензии и дипломатски притисоци околу Ормутскиот теснец. Техеран претходно во одговор од 10 точки ги офрли предлозите на САД за мир.

„Не можеме да им даваме нуклеарно оружје на луди луѓе“, изјави Трамп на прес-конференција во Белата куќа.

Тој тврдеше дека во Иран има „целосна промена на режимот“ и дека новите преговарачи се „многу поразумни“.

„Тие беа луди луѓе, а луѓето со кои преговараме сега се многу поразумни“, додаде Трамп.

Според него, разговорите со Техеран се движат во позитивна насока и се водат „со добра волја“.

Трамп изјави дека, доколку од него зависи, би продолжил со војната за да ја преземе иранската нафта.
„Иран може да биде уништен преку ноќ. Тоа може да се случи уште утре вечер – изјави Трамп.

Тој додаде дека САД постигнуваат „огромен напредок“ во операцијата „Епски бес“.

Војната на Израел и САД против Иран почна на 28 февруари годинава.
Обединетите нации(ОН) соопштија дека повеќе од 5.200 луѓе загинале на Блискиот Исток од почетокот на воената ескалација меѓу САД, Израел и Иран, при што значителен број се цивили, деца и раселени лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Иран може да биде уништен преку…

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање…

Русија: Украина погоди нафтен терминал на Црното…

Русија денес објави дека украинските беспилотни летала…

„Фич”: Кредибилните и конзистентни макроекономски политики ја…

„Кредибилните и конзистентни макроекономски политики се поддршка…

МААЕ: Нападите во близина на иранската нуклеарка…

Нуклеарката на југот од земјата, опремена со…