„Фич”: Кредибилните и конзистентни макроекономски политики ја одржуваат стабилноста на денарот
„Кредибилните и конзистентни макроекономски политики се поддршка за стабилноста на девизниот курс на денарот и се фактори за одржување на кредитниот рејтинг на нашата земја”. Ова се посочува во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич”, во кој рејтингот на земјава повторно е потврден на нивото „ББ+”.
Во извештајот се посочува дека измените што ги направи Народната банка во декември минатата година, во однос на промената на монетарната рамка, ќе придонесат за поефикасно пренесување на монетарните сигнали.
Во извештајот на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич” се наведува дека девизните резерви, во јануари 2026 година, се зголемиле за речиси 14% на месечно ниво и се доволни за да покријат околу 5,1 месец од обврските за плаќања кон странство. „Фич” оценува дека нивото на девизните резерви е соодветно за одржување на стабилноста на домашната валута.
Агенцијата посочува дека инфлацијата покажа тренд на намалување на почетокот на 2026 година. За наредниот период се очекува дека таа ќе се задржи на умерено ниво, со привремено благо зголемување под влијание на светските фактори, а потоа повторно ќе се стабилизира во 2027 година, како резултат на кредибилните и конзистентни макроекономски политики.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија се подготвува за нуклеарната ера: Се…
Министерката за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ…
Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, имаме сила…
Верувајте во нашата татковина. Не затоа што…
Зеленски планира да разговара со Трамп до…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се…
ЗНМ со осуда за дрското однесување на…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), по…
На избори се добива мандат, не тапија…
„На избори се добива мандат – не…