Трамп испраќа трет носач на авиони на Блискиот Исток со околу 10.000 војници
Пентагон испраќа трет американски носач на авиони на Блискиот Исток, додека претседателот на САД Доналд Трамп ги разгледува следните чекори кон Иран, вклучително и можноста за продолжување на бомбардирањето по изборите за Конгресот, пренесуваат медиумите.
Ударната група на носачот на авиони „Теодор Рузвелт“ ја напушти Сан Диего во неделата, со меѓу 9.000 и 10.000 војници, а се очекува во регионот да пристигне во ноември. Според американски официјални лица, групата заедно носи повеќе од 7.000 морнари и околу 2.000 маринци.
Не е јасно дали распоредувањето на „Теодор Рузвелт“ ќе биде искористено за замена на друг носач на авиони во регионот или за зголемување на бројот на американските сили.
Во регионот веќе се наоѓаат носачите „Џорџ Х. В. Буш“ и „Џорџ Вашингтон“, кој во август го замени „Абрахам Линколн“ по неговиот долг престој во регионот. „Џорџ Вашингтон“ вообичаено е распореден во Тихиот Океан и е стациониран во Јапонија.
Пентагон направил планови „Теодор Рузвелт“ да биде подготвен за долг престој, вклучително и со зголемување на залихите на храна, хигиенски и други потреби, како и подобрување на комуникацијата на морнарите со семејствата и условите за живот на носачот.
Началникот на поморските операции, адмирал Дарил Кодл, минатиот месец изјави дека биле обезбедени нова опрема за забава, поиздржлива опрема за фитнес, резервни кардио-справи и материјали за празниците.
Трамп минатата недела го отфрли иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот, оценувајќи го како неприфатлив.
Иран соопшти дека во тој период би го отворил Ормускиот Теснец, додека високи претставници на американската администрација тврдат дека САД веќе транспортираат нафта преку овој стратешки премин.
Трамп, исто така, навести можност за продолжување на бомбардирањето на Иран по изборите за Конгресот.
„Затоа што со уништувањето на Иран создадовме мир во светот“, изјави тој вчера за магазинот „Тајм“, додавајќи дека со Иран „никогаш не би можеле да имате мир“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…