Објавено на:

Трамп: Кога цената на нафтата расте, Америка прави големи пари

t

Соединетите Американски Држави ќе ослободат 172 милиони барели нафта од своите стратешки нафтени резерви во обид да ги намалат цените на нафтата, кои пораснаа поради нарушувањата во снабдувањето предизвикани од американско-израелската војна против Иран, изјави денес американскиот министер за енергетика Крис Рајт, пренесе Ројтерс.

Рајт рече дека тоа е дел од пошироко ослободување на 400 милиони барели нафта што претходно во текот на денот го договори Меѓународната агенција за енергија. Тој додаде дека ослободувањето на нафтата ќе започне следната недела и дека испораката ќе трае приближно 120 дена.

„Трамп вети дека ќе ја заштити енергетската безбедност на САД“
„Претседателот Трамп вети дека ќе ја заштити американската енергетска безбедност со одговорно управување со стратешките нафтени резерви, а оваа акција ја покажува неговата посветеност на тоа ветување“, изјави министерот за енергетика.

Меѓународната агенција за енергија соопшти дека 32 земји членки го поддржуваат договорениот потег, кој претставува шесто координирано ослободување на резервите од основањето на агенцијата во 1970-тите години.

Иран: Бидете подготвени на нафта од 200 долари по барел
Од почетокот на војната е отежната пловидбата низ Хормушкиот теснец, низ кој вообичаено се транспортира петтина од светската нафта и течниот природен гас.

Иран во средата порача дека светот треба да биде подготвен за нафта по цена од 200 долари по барел додека неговите сили продолжуваат да напаѓаат трговски бродови во Хормушкиот теснец.

Трамп: Кога цените на нафтата растат, заработуваме многу пари

За цените на нафтата се огласи и Трамп.

„Соединетите Американски Држави далеку се најголемиот производител на нафта во светот, па кога цените на нафтата растат, заработуваме многу пари. НО, мене како претседател далеку поважно и од поголем интерес ми е да го запреме злото царство, Иран, да не дојде до нуклеарно оружје и да не го уништи Блискиот Исток, а всушност и целиот свет. Тоа никогаш нема да се случи додека јас сум претседател! Ви благодарам на вниманието“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Кога цената на нафтата расте, Америка…

Соединетите Американски Држави ќе ослободат 172 милиони…

Пожар на американскиот носач на авиони „Џералд…

Пожар избувна на најголемиот носач на авиони…

Вучиќ и Рама си подадоа рака: Балканот…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и албанскиот…

Хоџа: Ќе има јавна расправа за обновувањето…

Министерот за животна средина и просторно планирање…

Трамп: Иранската репрезентација е добредојдена на Светското…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на…