Трамп: Иранската репрезентација е добредојдена на Светското првенство, но подобро е да не дојдат
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа Truth Social дека иранската фудбалска репрезентација е добредојдена на Светското првенство, но дека смета дека е подобро да не дојдат.
„Иранската фудбалска репрезентација е добредојдена на Светското првенство, но навистина не верувам дека е соодветно да бидат таму, за сопствениот живот и безбедност. Ви благодарам за вниманието на ова прашање! Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, напиша американскиот претседател.
Иранскиот министер за спорт, Ахмад Доњамали, вчера изјави дека Иран нема да игра на Светското првенство под никакви околности.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, претходно изјави дека иранската фудбалска репрезентација е добредојдена на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада од 11 јуни до 19 јули.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рацете на политиката подалеку од образованието, машите…
„Рацете на политиката подалеку од образованието“ –…
Ќе паѓаат ли сметките за струја? Владата…
Цената на електричната енергија останува едно од…
Бројот на заболени од западнонилска треска расте,…
На денешната прес конференција, министерот за здравство…
(Видео) Претседател на албански клуб расфрли вреќа…
Првиот човек на Динамо Тирана, Ардиан Барди,…
Чешка нуди помош за решавање на спорот…
Чешка е подготвена да помогне во барањето…