Трамп: Куба е банкротирана држава и треба да склучи договор со САД
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа ја повика Куба да склучи договор со Вашингтон, но ја отфрли идејата за операција за соборување на режимот во Хавана.
– Куба во моментот е банкротирана држава, наведе Трамп.
На прашањето дали САД би можеле да ја соборат кубанската влада, како што направија на почетокот на јануари кога ја нападнаа Венецуела и го заробија претседателот Николас Мадуро, Трамп посочи „Не мислам дека тоа би било потребно“.
Поради децениското ембарго на САД кон Куба и заострените мерки изминатиот период земјата се соочува со недостиг на гориво и прекини во електроснабдувањето.
Трамп, по американската во Венецуела најави дека Хавана нема повеќе да добива нафта од Венецуела и им се закани на другите држави, пред сè, на Мексико, со зголемување на царините ако извезуваат нафта за Куба.
Трамп недостигот на гориво го оцени како „хуманитарна закана“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Куба е банкротирана држава и треба…
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа ја…
Рубио: САД се непоколебливи во поддршката за…
Американскиот државен секретар Марко Рубио им упати…
Рубио кон Орбан: Вашиот успех на изборите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во…
Османи доби честитика од Трамп за денот…
Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, доби…
САД транспортираше мал нуклеарен реактор со авион
Министерството за енергетика и одбрана на САД…