Објавено на:

Рубио: САД се непоколебливи во поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово

t

Американскиот државен секретар Марко Рубио им упати честитки до граѓаните на Косово по повод прославата на Денот на независноста и рече дека САД го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово.

„САД остануваат непоколебливи во својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово и со нетрпение очекуваме проширување на економските врски што ќе го унапредат просперитетот на двете наши земји. Ја цениме поддршката на Косово за напорите на САД за справување со глобалните предизвици и го поздравуваме неговото водство како член-основач на Советот за мир“, подвлече Рубио во честитка објавена на веб-страницата на Стејт департментот.

Тој нагласи дека САД, додека Косово ја одбележува оваа важна годишнина, со нетрпение очекуваат уште посилна соработка во годините што доаѓаат. „САД стојат со Косово додека продолжува да гради безбедна и просперитетна иднина“, нагласи Рубио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…

Американските воени подготовки се во тек во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Маж уапсен со оружје во близина на…

Американската Тајна служба уапси маж во близина…