Објавено на:

Трамп: На сите полнолетни граѓани на САД ќе им дадам по 5.000 долари доколку републиканците победат на изборите

t

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека на секој возрасен граѓанин на САД ќе ми даде по 5.000 долари доколку републиканците победат на претстојните избори.

„Доколку републиканците го освојат мнозинството во Претставничкиот дом и Сенатот на среднорочните избори во 2026 година, на секој возрасен граѓанин на САД ќе му дадам 5.000 долари“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social, додавајќи дека со нетрпение очекува да ги потпише тие чекови.

Американскиот претседател постојано најавуваше помош од 5.000 долари, додека во саботата изјави дека неговата администрација ќе почне да испраќа чекови од речиси 100 долари до повеќе од 20 милиони пензионери за да им помогне да платат за федералната програма за здравствено осигурување во САД, која се исплаќа месечно за да се одржи активното здравствено осигурување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: На сите полнолетни граѓани на САД…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека…

Култура на живот заедно во Македонија

/Создаваме добри граѓани и трајни заедници/ Промовираме…

Два брода погодени од дронови во Бугарија,…

Два трговски брода се погодени од дронови…

СДСМ: Фон дер Лајен потврди дека нема…

СДСМ ја обвини Владата дека повторно создава…