Објавено на:

Трамп наводно бил информиран дека Моџтаба Хамнеи е геј и со денови не престанал да се смее

t

Американскиот претседател Доналд Трамп наводно се изненадил кога минатата недела бил информиран од разузнавачките служби дека новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хамнеи можеби е хомосексуалец  и дека неговиот татко, починатиот ајатолах Али Хамнеи, се сомневал во неговата способност да ја води Исламската Република поради тоа, објави „Њујорк пост“.

Според извори, Трамп реагирал со смеа за време на брифингот, а и други присутни ја споделиле таа реакција. Еден висок разузнавачки службеник, наводно, „со денови не престанал да се смее“ поради информацијата.

Ова тврдење било пренесено од неколку извори блиски до разузнавачката заедница и до Белата куќа, кои велат дека американските служби го сметаат за веродостојно, а не за дезинформација.

Се тврди дека Моџтаба Хамнеи имал долготрајна врска со свој поранешен учител или човек близок до семејството.

Дополнително, еден извор тврди дека додека бил на лекување, тој наводно правел „агресивни“ обиди кон машки луѓе кои се грижеле за него. Сепак, не постојат фотографски докази, но изворите инсистираат дека информацијата доаѓа од доверливи извори.

Овие гласини за неговата сексуална ориентација кружеле во Иран со години, а биле спомнати и во претходни дипломатски извештаи, вклучително и во еден објавен од „Вики ликс“.

Во Иран, хомосексуалноста е нелегална и строго казнива, што го прави ова прашање особено чувствително во политички контекст.

Белата куќа не дала официјален коментар за овие наводи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…

Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…

Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…