Трамп по мигрантската криза во Шпанија: Американците ќе се соочат со слики „како овие од Сеута“ ако демократите се вратат на власт
Претседателот на САД, Доналд Трамп, реагирајќи на мигрантската криза во шпанската енклава Сеута, рече дека сликата од илјадници мигранти кои се влеваат во енклавата ќе биде САД за три години ако демократите се вратат на власт. Трамп во петокот за „Фокс њуз“ изјави дека сликите што доаѓаат од Шпанија се „ужасни“.
„Ужасно е. Запомнете ја таа слика. Такви ќе бидеме за три години ако влезе погрешната страна“, рече тој, осврнувајќи се на можна победа на демократите на претстојните среднорочни избори во ноември.
„Ако демократите влезат, нема да имате многу убав живот“, му рече тој на новинар на „Фокс њуз“.
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, рече „фала му на Бога“ што Доналд Трамп е избран за одбрана на земјата и дека границата на САД повеќе не изгледа како она што се гледа во шпанската енклава, објави францускиот весник „Фигаро“.
Француски „Фигаро“ посочува дека од вчера, високи претставници на Белата куќа испраќаат многу политички пораки според кои враќањето на демократите во земјата би било знак за обновен масовен влез на мигранти на границата меѓу Мексико и САД.
Републиканците на Доналд Трамп водат кампања за среднорочните конгресни избори во ноември, кои историски секогаш се тешки за партијата на власт.
Околу 60.000 мигранти го нападнаа градот Сеута, мала шпанска енклава во северна Африка, од Мароко во последните 24 часа, надевајќи се дека ќе стигнат до Европа, објавија тамошните власти, додавајќи дека најмалку 34 лица загинале, пренесе „Бета“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп по мигрантската криза во Шпанија: Американците…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, реагирајќи на…
ФИФА не попушта пред бојкотот на УЕФА:…
Светскиот фудбал е пред еден од најголемите…
Гори во Делчево, Валандово и Струга
На ден 31.07.2026 година, до 18:00 часот,…
Првичните резултати велат дека белата пена не…
Белата пена што беше испуштена во вардар…
(Видео) Трагедија во Романија: Минибус полн со…
Едно лице загина, а десетмина се повредени…