Првичните резултати велат дека белата пена не го загадила Вардар, конечните анализи се очекуваат на 4 август

t

Белата пена што беше испуштена во вардар минатата недела не ја загадила реката, информира Државниот инспекторат за животна средина.

„Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности. Инспекторите на ДИЖС спроведоа вонредни инспекциски надзори кај индустриските субјекти во зоната кои се под државна надлежност. При надзорите не беа евидентирани законски нерегуларности, односно субјектите постапувале согласно пропишаните услови во еколошките дозволи за управување со отпадните води“, соопшти Инспекторатот.

Важно е да се напомене, се додава во соопштението, дека квалитетот на водите во овој појас е под влијание на повеќе различни фактори, вклучувајќи ги комуналните и атмосферските води, како и активноста на бројните деловни субјекти во околината, поради што сите надлежни органи дејствуваат координирано.

„Со цел прецизно утврдување на состојбата, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје зема мостри од водата на спорната локација и до Министерството за животна средина и просторно планирање го достави прелиминарниот извештај од 29 јули, според кој анализираните физичко-хемиски параметри на примерокот не ги надминуваат граничните вредности за испуштање во површински води. Дополнително, по барање на ДИЖС, и акредитирана лаборатирија зеде мостри, чиј финализиран извештај ќе биде доставен до Инспекторатот и до Министерството за животна средина во вторник, 4 август 2026 година, по што јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана за конечните резултати“, се вели во соопштението.

ДИЖС и понатаму ќе дејствува бескомпромисно преку редовни и вонредни надзори, со цел да се обезбеди целосна заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, додава Инспектторатот за животната средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силно невреме во Кочани, градот без електрична…

Невреме проследено со силен ветер и дожд…

„Фолкландските острови се и ќе останат британски“:…

Британската влада денеска соопшти дека Фолкландските Острови…

Израелската армија уби комдандант на Хамас кој…

Командант на Хамас, кој планирал напади, е…

Вечерва во Сурчин убиен 45-годишен маж, познат…

Во Сурчин e брутално убиен човек кој…

Песков: Не гледам причина да се надевам…

Нема видливи основи за подобрување на односите…