Објавено на:

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот е близу, Украина ќе има „нешто поинаков облик“

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните во украинскиот конфликт се многу блиску до постигнување договор.

„Верувам дека сме многу блиску до постигнување договор“, им рече Трамп на новинарите.

Тој најави дека во наредните денови ќе се одржи „многу важна средба“.

„Верувам дека оваа војна ќе заврши, и тоа наскоро“, рече Трамп.

Додаде дека Украина по завршувањето на конфликтот ќе има „нешто поинаков облик“.

Говорејќи за ограничувањата во работата на „Старлинк“ во Украина во средината на октомври, Трамп повтори дека не знае кој стои зад нив.

„Не, не знам… Но едно знам: кога слушнав за тоа, системот проработе“, рече тој.

Трилатералната средба меѓу Русија, САД и Украина е закажана за 10 и 11 ноември во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати.

Не планирам да ја ескалирам војната со Иран, ниту да го сменам Хегсет

Осврнувајќи се на Иран, Трамп изјави дека не планира да ја ескалира војната со таа земја, ниту да го смени министерот за одбрана Пит Хегсет.

Тој рече дека „не сака“ да ја ескалира војната со Иран и дека „смета оти нема причина“ за тоа.

На прашањето дали Хегсет треба да остане на функцијата по изборите, имајќи предвид дека се оценува оти републиканците ги загубиле меѓуизборите поради војната со Иран, Трамп рече дека има доверба во него и се спротивстави на повиците на демократите за смена на шефот на Пентагон.

„Сакаат да го сменат. Тоа е многу неправедно. Имавме две војни и ги добивме двете. Победивме во Венецуела, победивме во Иран“, истакна Трамп.

На прашањето дали би ја сменил одлуката за напад врз Иран доколку однапред знаел какви последици ќе има тоа врз републиканците на изборите и дали повторно би го направил истото, Трамп одговори со „недвосмислено да“.

Тој оцени дека американскиот напад ја ослабнал конвенционалната војска на Иран и го уназадил неговиот нуклеарен програм.

Трамп изрази уверување дека Иран е блиску до постигнување договор со САД, но оцени дека изборните резултати оставаат малку надеж за таков исход.

Од септември, Иран и САД главно се воздржуваат од поголеми напади, иако САД на почетокот на оваа недела извршиле серија ограничени одбранбени напади врз ирански цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…

Полска ги предупреди европските сојузници дека во…

Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…

Украина ќе добие нов пакет воена помош…