Трамп предлага Ормутскиот Теснец да се преименува во „Трампов Теснец“
Американскиот претседател Доналд Трамп предложи Ормутскиот Теснец да биде преименуван во „Трампов Теснец“, тврдејќи дека САД сега имаат контрола врз стратешкиот поморски коридор.
„Сега кога е под контрола на САД, дали треба да го смениме името Ормутски Теснец во ТРАМПОВ ТЕСНЕЦ? Како и самата Америка, би бил „пожежок“ од кога било“, напиша Трамп на Truth Social.
Предлогот доаѓа во момент на сериозно заострување на конфликтот меѓу САД и Иран. Американските сили во последните денови изведоа напади врз ирански цели во близина на Теснецот, а Трамп тврди дека американската страна има речиси целосна контрола врз поморскиот сообраќај во ова подрачје.
Иран, од друга страна, не ја признава американската контрола врз Теснецот. Со месеци траат тензиите околу неговото отворање и безбедноста на пловидбата, а сообраќајот и понатаму е значително намален во однос на периодот пред конфликтот.
Иранската револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека два нафтени танкери биле онеспособени откако налетале на мини при обид да поминат низ Ормутскиот Теснец. Според иранската страна, бродовите претходно биле предупредени за опасноста од мините.
Трамп претходно тврдеше дека американската морнарица ги отстранила или детонирала мините од меѓународните води во Теснецот.
Ормутскиот Теснец е еден од најважните поморски премини во светот и ја поврзува Персискиот Залив со Оманскиот Залив. Низ него минува значаен дел од светската трговија со нафта, поради што секое нарушување на пловидбата има директно влијание врз глобалните енергетски пазари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп предлага Ормутскиот Теснец да се преименува…
Американскиот претседател Доналд Трамп предложи Ормутскиот Теснец…
Вучиќ го одложи митингот на СНС во…
Српскиот претседател Александар Вучиќ го одложи митингот…
Андоновски: Национален дата центар ќе се гради…
Речиси 7 трилиони долари ќе се вложуваат…
Николоски: Долгорочните билатерални визи, единствено решение за…
Единственото решение за проблемот со превозниците чиј…
Почина проф. д-р Јован Донев, поранешен амбасадор,…
На 71-годишна возраст во Скопје почина проф.…