Објавено на:

Трамп: Се надевам дека ќе постигнеме договор со Иран

t

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази надеж дека Вашингтон може да постигне договор со Техеран, откако претходно иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, предупреди дека евентуална војна меѓу САД и Иран би можела да прерасне во регионален конфликт.

На новинарско прашање за негова реакција на зборовите на Хамнеи, Трамп рече дека не е изненаден.

– Секако дека ќе го каже тоа. Се надевам дека ќе постигнеме договор. Ако не направиме, ќе дознаеме дали (ајатолахот) бил во право или не, рече Трамп.

Според него, САД ги имаат најмоќните воени бродови во близина на Иран.

Хамнеи претходно денеска, за време на обраќање во Техеран по повод годишнината од враќањето на имамот Хомеини во Иран и почетокот на прославата на Фаџр, предупреди дека евентуална војна меѓу САД и Иран би можела да прерасне во регионален судир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Се надевам дека ќе постигнеме договор…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази надеж…

Морничаво… Македонија се најде во фајловите на…

Илјадници човечки мозоци од македонски државјани завршиле…

36 годишна велешанка уапсена во Ѓорче Петров…

Полициски службеници од Полициската станица „Ѓорче Петров“…

Кој ќе си го купи аудито што…

Општинското возило „Ауди А6“ што го купи…

Фотографии од режисерот на документарниот филм „Меланија“…

Холивускиот режисер Брет Ратнер, кој неодамна го…