Трамп: Се надевам дека ќе постигнеме договор со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази надеж дека Вашингтон може да постигне договор со Техеран, откако претходно иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, предупреди дека евентуална војна меѓу САД и Иран би можела да прерасне во регионален конфликт.
На новинарско прашање за негова реакција на зборовите на Хамнеи, Трамп рече дека не е изненаден.
– Секако дека ќе го каже тоа. Се надевам дека ќе постигнеме договор. Ако не направиме, ќе дознаеме дали (ајатолахот) бил во право или не, рече Трамп.
Според него, САД ги имаат најмоќните воени бродови во близина на Иран.
Хамнеи претходно денеска, за време на обраќање во Техеран по повод годишнината од враќањето на имамот Хомеини во Иран и почетокот на прославата на Фаџр, предупреди дека евентуална војна меѓу САД и Иран би можела да прерасне во регионален судир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…
Извршниот комитет на Движењето за силата на…
Семејно насилство: Татко крвнички го истепал 12-годишниот…
Татко од Крива Паланка бил насилен кон…
(Вознемирувачко видео) Пукање на плоштадот во Краков:…
Најмалку две лица загинаа, а десет други…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…