Трамп ја назначи вдовицата на Чарли Кирк во одборот на Воздухопловната академија
Претседателот Доналд Трамп ја назначи Ерика Кирк, вдовица на конзервативниот активист Чарли Кирк, во одборот на посетители кој е задолжен да дава препораки за Академијата на воздухопловните сили на САД до секретарот за војна и претседателот, објавија американските медиуми вчера.
„Претседателот Трамп направи совршен избор со назначувањето на Ерика Кирк“ во одборот на гувернери на Академијата на воздухопловните сили на САД, изјави портпаролката на Белата куќа Оливија Велс за „Ју-Ес-Еј Тудеј“.
Името на 37-годишната Ерика Кирк се појавува на официјалната веб-страница на Одборот на гувернери на оваа воена академија со седиште во Колорадо Спрингс.
Одборот на посетители на Академијата на воздухопловните сили на САД е составен од 16 члена и ги надгледува етиката, дисциплината, наставните програми, обуката, опремата, финансиските работи и академските методи на оваа воена институција. Тој дава препораки до Министерството за одбрана секоја година.
Чарли Кирк беше член на овој одбор сè до неговото убиство во септември на кампус во Јута.
По смртта на нејзиниот сопруг, Ерика Кирк го презеде водството на неговото движење, Turning Point USA, конзервативна младинска организација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…