Трајковски: Во Украина, земја во војна Националното антикорупциско биро НАБУ и Специјалното јавно обвинителство му ги претресиле просториите и изнудиле оставка шефот на кабинетот на Зеленски
Во Украина, земја во војна на која не и се знаат ни границите, Националното антикорупциско биро НАБУ и Специјалното јавно обвинителство му ги претресиле просториите и изнудиле оставка на Андриј Јермак, шефот на кабинетот на Володимир Зеленски, поради голем корупциски скандал.
Во Македонија, пак, власта сака да го смени државниот јавен обвинител и да си постави свој, очигледно за да се заштити од истраги. Работата е толку очигледна, па зарем би поставувале нов обвинител за да бидат гонети од него?
Што се однесува до криминалите од претходната власт, сегашната власт, преку своите партиски директори, има пристап до сите докази за стопански криминал и може директно да поднесе граѓански тужби до судот за сите финансиски штети нанесени на институциите и јавните претпријатија. Зошто, на пример, не поднесат тужби за увозот на скап грчки јаглен?
Па затоа што и самите увезуваат!
Инаку, истрагите против поранешните власти се најлесни, бидејќи претставуваат обично отворање на фиоките со документи до кои имаат пристап. Проблематични и опасни се истрагите против актуелната власт, бидејќи некоја истрага може да тргне „нагоре“ и да стигне до самиот државен врв.
Токму од страв од истраги против себе се плаши секоја нова власт, па затоа сака да постави свој државен јавен обвинител, а не заради некакво расчистување на стар криминал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трајковски: Во Украина, земја во војна Националното…
Во Украина, земја во војна на која…
Пронајдено безживотно тело во водите на Вардар
Попладнево, околу 14:30 часот, во Територијалната противпожарна…
Рубио очекува напредок во преговорите меѓу САД…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Зеленски разговарал со Руте: Ова се важни…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека…
Нема зголемување на старосната граница за пензионирање,…
Првиот човек на Фондот за пензиско и…