Објавено на:

Трајковски се повлекува од репрезентацијата: „Заминувањето боли, но носи гордост“

t

Александар Трајковски со емотивна порака објави дека се повлекува од настапите за македонската фудбалска репрезентација, ставајќи крај на едно значајно поглавје од својата кариера.

Во обраќањето до јавноста, Трајковски истакна дека носењето на националниот дрес за него било многу повеќе од обврска – чест, гордост и одговорност која, како што вели, не може да се опише со зборови. Секој повик во репрезентацијата го доживувал како прв, со иста возбуда, трема и желба да го даде максимумот.

Тој се наврати и на бројните моменти што ја одбележаа неговата репрезентативна кариера – од тешките порази до големите победи, нагласувајќи дека токму тие искуства ја изградиле вистинската вредност на тимот и заедништвото.

„Ќе ги паметам соиграчите кои станаа браќа и сите што беа дел од ова патување“, порача Трајковски, додавајќи дека љубовта кон дресот и желбата за успех никогаш не се промениле.

Сепак, тој посочи дека во последниот период чувствувал дека неговиот труд и залагање не биле доволно вреднувани, што, како што наведува, придонело за донесување на оваа тешка одлука.

Посебна благодарност упати до навивачите, кои, според него, биле најголемата поддршка во најтешките моменти и вистински „ветер во грб“ за тимот.

„Заминувањето боли, но истовремено носи и гордост“, истакна Трајковски, нагласувајќи дека репрезентацијата за него секогаш ќе остане семејство.

Кариерата во националниот тим ја завршува „со крената глава и полно срце“, благодарен за можноста да го живее својот сон и да ја претставува Македонија на меѓународната сцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ : Србија нема да воведе caнкции…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…