„Треба да бидат казнети многу поостро од обичните граѓани“, вели Рускоска за судиите фатени со поткуп!
Поранешната обвинителка за организиран криминал, Вилма Рускоска, во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ, упати остри критики по последните случаи на корупција во судството, нагласувајќи дека носителите на правдата мора да сносат далеку поголема одговорност кога ќе го прекршат законот.
Коментирајќи го случајот со судијата кој беше фатен со пари и документи, Рускоска е децидна: луѓето кои треба да го спроведуваат законот не смеат да бидат над него, објави 4news.mk
„Сметам дека судија, обвинител или полициските служби, доколку направат прекршок или кривично дело, треба да бидат казнети многу повеќе отколку било кој друг граѓанин. Доколку се докаже делото, за кое гледам дека обвинителството има цврсти докази, според мене треба да следи многу висока казна“, изјави Рускоска.
Рускоска не го криеше разочарувањето од случајот со врховниот судија Наќе Георгиев, со кого се познаваат долги години од професионалните кругови. Таа призна дека веста ја примила со неверување, но дека прагот на толеранција за шокови во правосудството е веќе одамна поминат.
„Тој беше судија кога јас бев обвинител. Долго време се знаеме и нормално е да се доживее шок“, вели таа.
Сепак, како што додава, најголемиот удар бил од Катица Јанева и случајот Рекет.
„Најголемиот шок ми беше предметот со Катица Јанева. После тоа, на се друго некако веќе не се шокирате толку многу.“, вели Рускоска.
Иако вели дека „огуглала“ на лошите вести, поранешната обвинителка потенцира дека никогаш нема да прифати дека земањето поткуп е нешто со кое треба да се навикнеме.
„Апсолутно не можам да се навикнам дека судија или обвинител зема поткуп за својата работа. Тоа е огромен срам за судството, за обвинителството, но и за сите нас како граѓани“, заклучи таа во разговорот за 4ТВ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Треба да бидат казнети многу поостро од…
Поранешната обвинителка за организиран криминал, Вилма Рускоска,…
МВР потврди: Уапсени повеќе лица дел од…
Денеска (23.04.2026) од страна на Одделот за…
Трамп со јасна порака: Времето истекува за…
Прекинот на огнот во конфликтот меѓу САД…
Генадиј Зјуганов предупредува дека е можна револуција…
Ветеранот на Комунистичката партија на Русија, 81-годишниот…
Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…