Објавено на:

Три возила изгореа во скопски Чаир, оштетен е и дел од фасада и прозорци на угостителски објект

t

Голем пожар се случи ноќеска во скопската населба Чаир, во кој изгореа три автомобили.

„На 21.7.2026 околу 4:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Џон Кенеди целосно е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(34). Од пожарот биле зафатени и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(50). Исто така, од пожарот оштетен е и дел од фасада на зградата и прозорци од угостителски објект во близина“, соопшти полицијата.

Пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три возила изгореа во скопски Чаир, оштетен…

Голем пожар се случи ноќеска во скопската…

Мицкоски: Историската посета на претседателката на Индија…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал работен ручек…

86-годишна жена тешко повредена откако врз неа…

МВР со детали за жената која вчера…

Косовски државјанин приложил фалсификувани документи за возило…

Полициски службеници од Полициското одделение Матејче го…