Три деца ограбиле кафеана во Скопје, едниот имал нож и тргнал во напад на двајца вработени

t

Од МВР информираат дека се фатени тројца малолетници од Скопје веднаш по извршување разбојничка кражба.

-На 17.09.2025 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 12 години и еден 14-годишник, сите од Скопје.

Околу 17.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар тие одзеле пари и побегнале, но набргу биле пристигнати од двајца вработени во објектот. Притоа, еден од малолетниците им се заканил и се обидел да ги нападне со остар предмет.

Парите и остриот предмет се пронајдени, а малолетниците се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три деца ограбиле кафеана во Скопје, едниот…

Од МВР информираат дека се фатени тројца…

Руски генерал: Ако Западот воведе забрана за…

Русија нема да дозволи воспоставување на зона…

Кавадарчанец ја следел сопругата со ГПС, ја…

Каадарчанка го пријавила сопругот М.Б. во полиција…

Две години казна затвор за Лидија Димова…

Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за…

Трамп не е задоволен од Нетанјаху, но…

Американскиот претседател Доналд Трамп го изрази своето…