Тројца државјани на Канада предизвикале пожар во Далмација: Една жена е уапсена, по другите двајца се трага
Пожарот бил предизвикан со отворен пламен во местото Бободол, при што била зафатена сува трева и ниска вегетација. Полицијата уапсила 28-годишна канадска државјанка, додека по уште двајца осомничени се трага.
Според хрватската полиција, 28-годишната жена е осомничена дека заедно со 30-годишен маж и 31-годишна жена, сите државјани на Канада, на 17 август во попладневните часови во Бободол со отворен пламен предизвикале пожар.
Во пожарот изгореле сува трева и ниска вегетација на површина од околу 15 на 3 метри.
По завршувањето на криминалистичкото истражување, 28-годишната осомничена била предадена на притворскиот надзорник во Полицијата управа Шибенско-книнска, а против неа е поднесена кривична пријава до надлежното државно обвинителство во Шибеник.
Полицијата соопшти дека 30-годишниот маж и 31-годишната жена во моментов не се достапни за органите на редот, поради што по нив е распишана потрага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца државјани на Канада предизвикале пожар во…
Пожарот бил предизвикан со отворен пламен во…
Димитриевски: Пожарникарите помагаат во Липково, но не…
Пожарите во овој период од годината веќе…
Силјановска-Давкова во Таранто со поддршка за најбројната…
Македонија настапува со 88 спортисти во 19…
Рама за неинтонирањето на албанската химна во…
По реакцијата на Министерството за Европа и…
Тепачки и закани го одбележале вчерашниот ден…
Два одделни инцидента се случиле за само…