Турски државјанин уапсен на скопскиот кеј – измамил сонародник за 6.650 еврa
Полицијата го приведе 30-годишниот К.К. од Турција, кој се сомничи дека измамил друг турски државјанин за сума од 6.650 евра.
Апсењето било извршено на 26 јануари 2026 година, околу 13:40 часот, на кејот „Димитар Влахов“ во Скопје.
Според пријавата, осомничениот во октомври 2025 година стапил во контакт со оштетениот преку социјална мрежа и му ветил дека ќе посредува за добивање документи за работа и престој во државата. Во неколку наврати, преку трансакциска сметка, оштетениот му исплатил вкупно 6.650 евра. По тоа, осомничениот престанал да комуницира со него, по што случајот бил пријавен во полиција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турски државјанин уапсен на скопскиот кеј –…
Полицијата го приведе 30-годишниот К.К. од Турција,…
(Видео) Трендафилов: Не им се плашете, никому…
28 јануари е денот кога работниците зборуваат,…
Возел со 3,19 промили алкохол во крвта…
На 26.01.2026 во 23:07 часот во Кратово,…
Два автомобили опожарени синоќа во Скопје
Две возила марка „ауди“ биле запалени изминатата…
Се намалуваат царини, штедат милијарди – Официјализиран…
Европската комисија во вторник потпиша договор за…