Уапсени низа пијани возачи низ Македонија
Ноќеска во 01:20 часот, полициски службеници од СВР Штип на ул. “Осоговска” во Македонска Каменица го лишија од слобода С.Л.(29) од Македонска Каменица. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал С.Л. со патничко возило “ауди” со регистарски ознаки од Македонска Каменица, било констатирано дека С.Л. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,64 промили алкохол во крвта.
Подоцна, во 03:05 часот, полициски службеници од СВР Штип на регионалниот пат Берово – Струмица го лишија од слобода Ѓ.С.(43) од село Русиново, беровско. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал Ѓ.С. со патничко возило “пежо” со беровски регистарски ознаки, било констатирано дека Ѓ.С. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта.
Малку подоцна, во 03:55 часот, полициски службеници од СВР Струмица на регионален пат Валандово – Дојран, не место викано „Дојранска раскрсница“, го лишија од слобода А.Т.(46) од село Смолари, струмичко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал А.Т. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,06 промили алкохол во крвта.
Претходно синоќа, во 22:54 часот, полициски службеници од СВР Битола на бул. „1-ви Мај“ во Битола, го лишија од слобода А.Р.(62) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „даеву” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал А.Р. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени низа пијани возачи низ Македонија
Ноќеска во 01:20 часот, полициски службеници од…
Филмска сцена во Скопје: Со две возила…
13.12.2025 во 04:20 часот во СВР Скопје,…
Затекнати малолетници при контрола на угостителски објект…
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати…
Осум повредени во сообраќајка на патот Гостивар…
МВР информира дека вечерва во 20:05 часот…
Лишени од слобода пијани возачи од Битола…
МВР информира дека доцна синоќа во 23:00…