Затекнати малолетници при контрола на угостителски објект во Куманово

t

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот и под дејство на алкохол, следува соодветна пријава

На 13.12. и 14.12.2025, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршија контрола на четири угостителски објекти на подрачјето на Куманово. При контролата, извршено е легитимирање на 74 лица, а во два објекта се затекнати малолетници после 24:00 часот. Притоа, во еден од нив од слобода е лишена С.В.(45), која го изнајмила простортот , затоа што се затекнати 14 малолетници, од кои еден бил под дејстов на алкохол и е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Исто така, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд изрекоа глоби на објектите поради сторени прекршоци по Законот за угостителство.

По целосно документирање на случајот, против одговорните лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец добил казна од полицаец, па решил…

На 30.09.2026 во 15:40 часот во Скопје,…

Македонец загина во сообраќајка кај Лесковац

Македонскиот државјанин со иницијали М.Ј, возач на…

Се запали стан во Скопје, 11-годишно девојче…

Единаесетгодишно девојче вчера било пренесено во Комплексот…

Утре ќе нема струја до 14:30 часот…

Од Електродистрибуција информираат дека утре, четврток (1…

Tоварно возило прегази велешанка

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне…