Уапсени седум возачи без возачка дозвола, од нив двајца малолетници
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Од нив двајца во Скопје и по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола. Возачот во Гостивар е малолетник, како и еден од возачите во Скопје, кој управувал мотоцикл. Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени седум возачи без возачка дозвола, од…
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници…
Тројца прилепчани уапсени кај Чашка, пукале од…
На 08.02.2026 во 10:15 часот кај место…
МВР приведе 11 возачи поради возење со…
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници…
Жени се тепале во трговски центар во…
На 07.02.2026 во 21:30 часот во СВР…
МВР лиши од слобода 16 возачи –…
На 07.02.2026 во 23:45 часот на улицата…