Тројца прилепчани уапсени кај Чашка, пукале од возило, пронајдено оружје и муниција

t

На 08.02.2026 во 10:15 часот кај место викано „Црници“ во атар на село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка ги лишиле од слобода В.К.(57), И.Т.(51) и Б.Н.(77), сите од Прилеп.

При вршење службени дејствија, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива“ со прилепски регистарски ознаки, а лицето кое го управувало возилото испукало неколку истрели од огнено оружје, по што се оддалечиле од местото. По преземени мерки, возилото и лицата биле пронајдени и при извршен преглед од И.Т. биле одземени малокалибарска пушка „брно“, 14 неиспукани куршуми и три чаури од малокалибарско оружје, 14 куршуми карабинска муниција и три чаури и куршуми калибар 12мм од ловечка пушка без соодветна документација, детектори и други предмети.

Додека, од Б.Н. биле одземени пиштол „застава“, рамка со седум куршуми калибар 9мм без соодветна документација и останати предмети.

Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Мермерен Комбинат-Прилеп синоќа загина 54 годишен…

„Со длабока тага ја известуваме јавноста дека…

МВР и ЈО наскоро ќе излезат со…

Министерството за внатрешни работи постапува во насока…

Прострелна рана во ногата имал скопјанецот кој…

Прострелна повреда во пределот на ногата била…

МВР со важен апел до родителите: Препознајте…

Министерството за внатрешни работи упатува апел до…

Голема акција на МВР во Макстил!

Екипи на МВР по наредба за Основното…