Објавено на:

Уапсено 29 годишно лице поради објавено видео како брат му пука со пиштол

t

На 22.05.2026 во 16:20 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Џ.Д.(29) од Радовиш.

Претходно, на социјална мрежа бил објавен видео запис во кој се гледа како машко лице пука со пиштол и по преземани мерки било констатирано дека на видеото е С.А.(32) од Радовиш.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на С.А., при што во соба на неговиот брат Џ.Д. се пронајдени и одземени пушка, гасен пиштол, куршуми за гасен пиштол, куршуми со калибар 7.65 мм и меч со футрола, соопшти МВР.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсено 29 годишно лице поради објавено видео…

На 22.05.2026 во 16:20 часот во Радовиш,…

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ИВАН СТОИЉКОВИЌ ПОДНЕСЕ ТУЖБА ЗА ФИЛИПЧЕ:…

Потпретседателот на Владата Иван Стоиљковиќ поднесе тужба…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче специјалниот пратеник на Румен Радев…

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, ВМРО-ДПМНЕ Стигна потврда…

Мицкоски со честитки до Јанша: Македонија и…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил телефонски разговор…

Пет пријави за семејно насилство во последното…

Ново деноноќие со повеќе случаи на семејно…