ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ИВАН СТОИЉКОВИЌ ПОДНЕСЕ ТУЖБА ЗА ФИЛИПЧЕ: Парите од отштетата ќе ги донира во Психијатриската болница во Бардовци
Потпретседателот на Владата Иван Стоиљковиќ поднесе тужба до лидерот на СДСМ Венко Филипче во врска со обвинувањата дека работи за српската тајна служба и дека е во дослух со рускиот претседател Владимир Путин.
Филипче ќе мора на суд да ги докаже обвинувањата, а отштетата што ќе ја плати ќе биде донирана во Психијатриската болница во Бардовци која не успела да ја превенира неговата состојба, пишува Стоиљковиќ.
„Болните фантазии и подмолните фиксации што Венко Филипче во континуитет веќе подолго време ги лансира од претседателската фотелја во СДСМ, конечно добија официјална дијагноза – во форма на судска тужба. Се разбира дека нема да барам демант или извинување. Глупаво е да очекуваш пристојност и разум од лик подготвен да гази по сопствениот образ за пет минути евтин аплауз на партиски прес-конференции и сто лајкови на социјалните мрежи. Сепак, неговиот очај за внимание на крајот ќе излезе корисен. Срамот што ќе го плати на суд, до последен денар ќе го донирам таму каде што примарната дејност е токму третирањето на вакви акутни состојби на умот – во Психијатриската болница во Бардовци. Како симболичен придонес за институцијата која, за жал, овој пат не успеала навреме да превенира“, напиша Стоиљковиќ во објава на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…
Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…
Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…
Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…
Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…
Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…
Жена доживеала ужас: Била нападната и малтретирана…
На 04.09.2026 во 19:45 часот во ПС…
Скопјанка пријавила дека сопругот ја нападнал, но…
На 04.09.2026 во 12:36 часот во СВР…