Убиен уште еден градоначалник во Мексико, претходно преживеал атентат
Градоначалникот на мексиканскиот град Темоак, Валентин Лавин Ромеро, е убиен во вооружен напад во зградата на градската управа, пренесува „Гардијан“.
Според властите, напаѓачите среде бел ден влегле во општинската зграда, го застрелале градоначалникот и побегнале со мотоцикл. Засега не се познати мотивот и сторителите, а обвинителството најави темелна истрага.
Лавин Ромеро во јануари годинава преживеал претходен обид за атентат, кога бил нападнат на бензинска пумпа.
Тој е 14. градоначалник убиен во Мексико откако Клаудија Шејнбаум стана претседателка во октомври 2024 година.
Според локалните медиуми, убиениот градоначалник наводно бил поврзуван со локални криминални групи. Неговата тешта во 2025 година беше уапсена под сомнение за врски со криминална организација и учество во киднапирања.
Убиството се случува додека мексиканските власти спроведуваат широка акција против корупцијата и врските меѓу локалните функционери и организираниот криминал, во која досега се уапсени 85 лица во три сојузни држави. Според официјалните податоци, бројот на убиства во Мексико опаѓа, но повеќе од 130.000 лица сè уште се водат за исчезнати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиен уште еден градоначалник во Мексико, претходно…
Градоначалникот на мексиканскиот град Темоак, Валентин Лавин…
Трамп под притисок од Конгресот да ги…
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, каде што…
Возач-почетник уапсен откако возел 211 км/ч на…
Осумнаесетгодишен возач-почетник е лишен од слобода откако…
ЦУК распореди цистерни со вода во Гостивар
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти…
Маѓар започнува истрага за кредитот од милијарда…
Четири случаи на контроверзни заеми на унгарската…