Трамп под притисок од Конгресот да ги запре воените дејствија против Иран
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, каде што републиканците имаат тесно мнозинство, изгласа резолуција со која од претседателот Доналд Трамп се бара да ги запре воените операции против Иран, пренесува „Ројтерс“.
Резолуцијата беше усвоена со 214 гласа „за“ и 208 „против“, а покрај демократите, ја поддржаа и четворица републикански конгресмени.
Со документот, предложен од демократската конгресменка Прамила Џајапал, се бара Трамп да ги повлече американските вооружени сили од конфликтот со Иран, освен ако нивното учество не биде одобрено од Конгресот.
Сепак, станува збор за симболичен потег, бидејќи во изминатите месеци Конгресот усвои неколку слични резолуции кои не доведоа до прекин на воените дејствија.
Се очекува и Сенатот во текот на денот да гласа за посебна, но суштински слична резолуција. Републиканците имаат тесно мнозинство и во двата дома на Конгресот.
Гласањето доаѓа во време на нова ескалација на конфликтот. Трамп претходно најави „жестока воена одмазда“ против Иран и хутските бунтовници, откако два саудиски нафтени танкери беа погодени во Црвеното Море.
Во меѓувреме, американската војска започна нов бран ноќни воздушни напади врз Иран, а Техеран возврати со напади врз американски бази во соседните земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
„Фемицидот мора да се спречи пред да…
Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“…
Студентската листа ја освои Србија, сега отвора…
Претставници на Студентската листа, која победи на…
Меџити: Не размислуваме секогаш исто со Мицкоски,…
Копретседателот на Вреди Изет Меџити, во изјава…
МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…
Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…