Удрил во три паркирани возила, контејнери, возила во движење и семафор, косовски државјанин предизвика хаос во Центар

t

На 26.12.2025 во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Григор Прличев” во Скопје, патничко возило „сеат” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(52) од Косово, со привремен престој во с.Арачиново, скопско, удрило во три паркирани возила – „цитроен”, „шевролет” и „пежо”, сите со скопски регистарскиознаки, во три контејнери и во патничко возило „сузуки” со скопски регистарски ознаки во движење, управувано од А.Ј.(24) од Скопје, по што продолжил со движење и на крстосница од бул.„Крсте Петков Мисирков” со бул.„Гоце Делчев”  удрил во семафор и во уште едно патничко возило во движење „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(29) од с.Долно Лисиче, скопско.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се зздобил возачот С.Р., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид изврши увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина е подготвена да се откаже…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…

Меџити: Работиме на тоа албанскиот јазик во…

Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир, во…

Три автомобили се судриле на патот Охрид-Кичево,…

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне…

Пронајдени над 9.000 парчиња пиротехнички средства во…

На 27.12.2025 во 22:50 часот во Гостивар,…