Објавено на:

Зеленски: Украина е подготвена да се откаже од НАТО, но бара безбедносни гаранции

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да се откаже од своите амбиции за приклучување кон НАТО алијансата, како доказ за нејзината подготвеност да го заврши речиси четиригодишниот конфликт со Русија.

За возврат, украинскиот лидер и неговите европски сојузници инсистираат на безбедносни гаранции  од Европа и САД, повикувајќи се на основниот принцип на НАТО дека нападот врз една земја-членка треба да се смета за напад врз сите, пишува „Гардијан“.

Останува нејасно дали Москва ќе ги прифати тие услови.

Зеленски пристигна во САД утрово, каде што ќе се сретне со претседателот на САД, Доналд Трамп, во Палм Бич, Флорида.

Се очекува двајцата лидери да разговараат за двете најголеми пречки во склучувањето на мировен договор: контролата врз територијата Донбас, која Москва ја полага, и нуклеарната централа Запорожје.

Ова се едни од најактивните дипломатски денови во годината и многу работи можат да се решат пред Нова година, а ние правиме сè за тоа, но дали ќе има одлука зависи од партнерите, напиша Зеленски на апликацијата Телеграм.

Тој додаде дека украинските партнери треба да го зголемат притисокот врз Москва „за  Русите да ги почувствуваат последиците од сопствената агресија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

ЕУ ветува 6,1 милијарда евра за Украина,…

Европската унија ќе ѝ обезбеди на Украина…

Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во тридневна…

Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…

Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…

Трамп: Путин сака договор за завршување на…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…