Објавено на:

Украинскиот спортист Олександар Пелешенко загина на фронтот во Украина

t

Украинските власти ја објавија смртта на Олександр Пелешенко за време на „операција“ која е дел од воените акции против руските војници на фронтот во земјата.

Информациите се малку, но на веб-страницата на федерацијата за кревање тегови се појави следнава порака:

„Хероите не умираат, но војната го зема најдоброто од нас. Почивај во мир, Александар Пелешенко! Со голема тага ве известуваме дека срцето на почесниот спортист на Украина и европски првак денеска престана да чука. Загина на линијата на фронтот“.

Пелешенко почина само на 30 години. Тој беше четврти во категоријата до 85 килограми на Олимписките игри во Рио во 2016 година, а двапати ја освои европската титула за својата земја.

Во 2018 година, тој беше прогласен за виновен за допинг.

Казната од 8 години дојде поради фактот што тоа беше втор ваков прекршок за кревачот на тегови, со што практично и стави крај на кариерата.

Веќе во март 2022 година, еден месец по почетокот на војната во Украина, тој се пријави како волонтер и облече униформа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да видат на нас како ни е:…

Срцевите пациенти во Англија се принудени да…

Апокалиптично предупредување за Газа

Шефот за хуманитарна помош на Обединетите нации…

После 50 години откриен е сериски убиец,…

Канадската полиција успеа да открие и да…

Турција испраќа помош за Иран – Ердоган:…

Турција испраќа опрема за пребарување и спасување…

Американскиот советник Саливан во Израел за разговори…

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател…