Улични кучиња искасаа човек во Ново Лисиче, интервенирала Брза помош
Жител на скопската населба Ново Лисиче попладнево бил нападнат од глутница улични кучиња, кои го искасале и му нанеле повреди.
Инцидентот се случил во близина на трговскиот центар ТЦ Лиса, според објава споделена во фејсбук-групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“.
Според сведоци, граѓани кои се нашле на местото веднаш повикале Итна медицинска помош, по што повредениот бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
Во изминативе денови граѓаните сè почесто изразуваат загриженост поради зголемениот број кучиња-скитници на улиците во главниот град. Според нив, кучињата се движат во групи налик на глутници, што создава чувство на страв и небезбедност кај жителите.
Од Град Скопје најавија засилени акции за заловување на кучиња-скитници, особено на територијата на Карпош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Улични кучиња искасаа човек во Ново Лисиче,…
Жител на скопската населба Ново Лисиче попладнево…
СДСМ испрати писма во ЕУ по заканите…
СДСМ испрати писма до ЕУ за најавите…
Зајкова: Свикување на Советот за безбедност и…
„Светот влегува во сериозна економска турбуленција. Земјите…
Обвинение против судијата Ристов кај кого беа…
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал…
Јаневска: Иселениците почнаа да се враќаат, тоа…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…