СДСМ испрати писма во ЕУ по заканите од Мицкоски
СДСМ испрати писма до ЕУ за најавите на премиерот Христијан Мицкоски за политички прогон, во кои укажуваат на нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото
Првиот човек на СДСМ, Венко Филипче,испратил официјални писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија, како и до амбасадорите на земјите членки на ЕУ, за „сериозно нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото во Македонија“.
Писмата следат откако премиеротХристијан Мицкоски на 15 април рече дека „има чувство дека набргу функционери од претходната влада ќе бидат опфатени со прогон“.
СДСМ во писмата до ЕУ наведува дека подолг период сведочат за системско поткопување на поделбата на власта, владеењето на правото и основните принципи на уставноста. „Постои реална и основана загриженост дека извршната власт спроведува координирана стратегија за навлегување во судската независност, што укажува на јасна и систематска инсталација на авторитаризам“, се наведува во писмата.
Во нив директно се посочува улогата на премиерот Христијан Мицкоски и се нотираат најавите со закани кон опозицијата, како и најавите за политички прогон. Писмата следуваат откако во земјата стана актуелно прашањето за евентуалното враќање на експремиерот Никола Груевски, по повеќегодишното бегство во Унгарија.
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарски прашања во Ѓорче Петров, во врска со писмата што СДСМ ги испрати до европските институции, порача дека „секој има право да се допишува, но дека неговите чувства се сè посилни“, во однос на тоа дека функционери од претходната влада ќе бидат опфатени со прогон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Со секое заминување се прекинува нишка во…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод 8 Септември…
27-годишник од Македонија убиен во Берлин
Дваесет и седумгодишен македонски државјанин од Радуша…
Латвија планира да воведе царина од 300…
Владата на Латвија планира да воведе царина…
Путин постави рок за освојување на Доњецк…
Кремљ поставил нов рок до кој руските…
Главниот обвинител на Украина поднесе оставка по…
Главниот државен обвинител на Украина, Руслан Кравченко,…