Управата за јавни приходи најави засилени инспекции на бензинските пумпи низ државата
Согласно Одлуката на Владата на РСМ за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка, донесена на вонредна Владина седница одржана на ден 22 март 2026 година, во периодот од 24 март (00:01 часот) до 6 април (24:00 часот) 2026 година ќе се применува повластена даночна стапка на прометот на енергенсите (горивата) од 10%.
Управата за јавни приходи ги известува сите даночни обврзници кои вршат трговија на мало со моторни горива и мазива во специјализирани продавници дека се должни навремено да извршат усогласување согласно Тарифникот од Одлуката, односно да ги прилагодат фискалните системи, ценовниците и фактурирањето, со цел правилна пресметка, евидентирање и прикажување на повластената стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 10%.
Управата за јавни приходи укажува дека примената на оваа мерка мора да биде доследна и во согласност со законските одредби. УЈП ќе врши засилени контроли со цел да се обезбеди целосно почитување на истите, при што за евентуални неправилности ќе бидат преземени соодветни законски мерки.
Ги повикуваме сите засегнати субјекти да постапуваат согласно прописите и да придонесат кон транспарентно и законито работење, во интерес на граѓаните и економијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Управата за јавни приходи најави засилени инспекции…
Согласно Одлуката на Владата на РСМ за…
Сијарто: Лага е дека со години ѝ…
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денеска…
Средба на министерот Муцунски со еврокомесарката за…
мнр Средба на министерот Муцунски со еврокомесарката…
Глобална енергетска криза: ИЕА предупредува дека светската…
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предупреди дека…
Трамп: Ормутскиот тенсец ќе биде отворен многу…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…