Објавено на:

Сијарто: Лага е дека со години ѝ пренесував на Русија информации за Европската Унија

t

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денеска ги отфрли обвинувањата дека со години споделувал со Русија доверливи информации од Европската Унија, нарекувајќи ги извештаите „лажни“ и „погрешни“.

„Како и секогаш, лажни вести“, напиша Сијарто на социјалната мрежа X.

„Лажете за да ја поддржите партијата Тиса да формира марионетска влада во Унгарија за војната против Украина“, додаде тој, алудирајќи на главната опозициска партија пред парламентарните избори на 12 април.

Сијарто рече дека обвинувањата се дел од „украинската пропаганда“ насочена кон поддршка на опозицијата и влијание врз резултатот од изборите.

Во статија во „Вашингтон пост“, цитирана од неколку европски медиуми, се наведува дека Сијарто редовно го информирал рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за затворените дискусии за време на состаноците на Советот на ЕУ.

Според извештајот, Сијарто го контактирал својот руски колега за време на паузите на самитите за да пренесе детали и да предложи можни дејствија. Неименуван европски функционер за безбедност изјави дека „речиси на секој состанок на ЕУ со години на масата седи Москва“, што предизвика загриженост за можни нарушувања на довербата во рамките на блокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затвор за разговор со странски новинари: Иран…

Иран го заострува притисокот врз медиумите со…

Италијанско летувалиште воведе ноќен полициски час за…

Во градот Праја а Маре во Калабрија,…

Тројански коњ или крај на коалицијата со…

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица…

Нема изгорени населени куќи во прилепско Чаниште,…

Во прилепското село Чаниште не е изгорена…

НАТО тврди дека го следи развојот на…

НАТО „внимателно ги следи руските воени активности,…