Условена казна затвор од 5 години за лицето кое упадна во редакцијата на „Инфомакс“
Судот постапувајќи по обвинителниот предлог на ОЈО Скопје, на ден 29.12.2025 година закажа главна, јавна и усмена расправа и по одржување и завршување на истата донесе и објави пресуда XX К.бр.2417/25, со која обвинетиот Горан Спасов од Скопје, го огласи за виновен за кривично дело – Насилство од чл.386 ст.3 вв ст.1 од Кривичниот законик и кривично дело – Спречување на службено лице во вршење на службено дејствие од чл.382 ст.3 вв ст.1 од Кривичниот законик и му изрече алтернативна мерка – условна осуда со заштитен надзор, при што му утврди казна затвор во траење од 2-две години, која казна нема да се изврши ако обвинетиот во период од 5 години не стори ново кривично дело и во рамките на заштитениот надзор му определи обврски од чл.56 т.7, т.8 и т.10 од КЗ, кон кои го задолжи обвинетиот да се придржува во период од 4 години, меѓу кои и мерката подложување на лекување или социјална рехабилитација во соодветни специјализирани установи, во спротивно утврдената казна затвор од 2 години ќе се изврши.
Во текот на главната расправа, обвинетиот ги призна кривичните дела што му се ставаа на товар, им се извини на оштетените кои беа присутни во судницата и изрази искрено каење за стореното. Судот при одмерување на видот и висината на кривичната санкција го имаше во предвид особено фактот дека со овие кривични дела се нарушува јавниот ред чиј објект на заштита во поширока смисла е општата сигурност на граѓаните, чувството на мир на загрозеност на идвидуалните и заедничките добра. Притоа имајќи превид дека во конкретниот случај е загрозена и безбедноста на новинарите, а со тоа е извршен и директен напад на слободите на изразување, особено ако се има во предвид дека со спречувањето на новинарите во нивната работа не е извршен само напад на поединецот, туку со тоа се напаѓа правото на целата јавност да биде информирана за клучни теми кои се од влијание во општествен живот, а тоа претставува напад врз јавниот интерес и слободата на говорот, односно директен напад врз демократскиот поредок. Имајќи ги во предвид овие околности, но и околностите врзани за личноста на обвинетиот, неговите лични и семејни прилики, истиот претходно не е осудуван и против него не се водат постапки за други кривични дела, а особено здравствената состојба на обвинетиот, односно врз основа на Наод и мислење од вешто лице-психијатар е утврдено дека истиот боледува од хронично растројство ,,Шизотипно растројство,,, која болест не е од паталошка природа туку произлегува од структурата на личноста, односно неговата намалена способност за контрола на импулсивноста и неговата потреба од секојдневна терапија, судот смета дека со условната осуда со заштитниот надзор и мерката подложување на лекување или социјална рехабилитација во соодветни специјализирани установи ќе се постигнат целите на казнувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Условена казна затвор од 5 години за…
Судот постапувајќи по обвинителниот предлог на ОЈО…
ОЈО за Инфомакс: Нема да има потреба…
Нема да има никаква потреба од нова…
Делегацијата на ЕУ во Македонија го осуди…
Делегацијата на ЕУ во Македонија го осуди…
МВР поднесе кривична пријава за лицето што…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе…
Телото за слобода на медиуми при Советот…
Телото за слобода на медиуми при Советот…