Утрово без проблеми на ГП Евзони, сообраќајот е нормализиран
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) утрово се одвива нормално. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АМСМ: Отстранета блокадата на Евзони, нормализиран сообраќајот…
Од вчера од 21:00 часот блокадата за…
(Видео) Ја заврши ЈуТуб кариерата: Најпознатиот македонски…
„Смачено ми е од слава“ – Марко…