УХМР: Пообилни врнежи од дожд попладнево и во текот на ноќта, а на планините снег

t

Времето денеска е претежно облачно, а наместа и магловито со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни односно над 25 l/m², особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец што ќе достигнува над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 9 степен.

Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде
променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер утре врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.

На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање, соопштија од УХМР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УХМР: Пообилни врнежи од дожд попладнево и…

Времето денеска е претежно облачно, а наместа…

Приведени две лица – на бензинска пумпа…

На 06.01.2026 во 21:35 часот на автопатот…

Франција: Подготвуваме план ако САД тргнат кон…

Франција, заедно со европските партнери, работи на…

Тешка сообраќајна несреќа на булевар „Србија“ –…

Две лица се здобиле со тешки телесни…

Велешанец возел со 2,90 промили алкохол во…

На 06.01.2026 во 11:45 часот на улица…