Приведени две лица – на бензинска пумпа платиле гориво со фалсификат евра
На 06.01.2026 во 21:35 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај с. Жеровјане, полициски службеници од СВР Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“ ги лишиле од слобода С.С.(31) од Гостивар и Ч.Ј.Б.(24) од Р. Турција.
Тие во 17:15 часот во ПО Жеровјане биле пријавени од А.Р.(22) од с. Жеровјане, вработен во бензинска пумпа во с. Жеровјане, дека околу 15:40 часот, во патничко моторно возило „цитроен“ со гостиварски регистарски таблици, ставиле гориво и на вработениот му дале банкнота од 50 евра, за која се посомневал дека е фалсификувана.
Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мицкоски: Опозицијата прави хистерија околу Алта…
Опозицијата прави хистерија околу Алта банка, вели…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…
(Видео) Мицкоски: ЕУ останува стратешка определба, ставот…
Премиерот Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
„Фемицидот мора да се спречи пред да…
Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“…