Објавено на:

Ученици од Кавадарци продаваа крофни и организираа настани за да соберат пари за клима уред за социјално загрозено семејство!

t

Младите хуманитарци од Кавадарци под името ,,Подари насмевка” од програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – промовирање на хумани вредности) кои што доаѓаат од ООУ ,,Гоце Делчев” Кавадарци изминатиот период напорно работеле за да набават грејно тело за затоплување на домот на социјално загрозено семејство.

Оваа нивна цел произлегла од нивното истражување и како приоритет да се помогне некое семејство во рамките на нивната проценка и нивните можности да соберат парични средства за такво нешто.

Со помош на нивниот директор во училиштето, педагогот, сите вработени и нивните соученици организирале повеќе настани на кои собирале парични средства од донации, детски забавни игри, продавале крофни и зашеќерени јаболка на плоштадот во Кавадарци на Први април, организирале Велигденски базар и пешачка тура до месноста Љубаш, испратиле писма за донации во неколку маркети во градот, при што добиле храна и средства за хигиена кои биле донирани на семејството.

-Од сите активности овој тим на млади хуманитарци успеа да обезбеди средства за купување инвертер клима уред, кој на семејството ќе му користи и во зима за затоплување на просторијата и во лето за разладување. Клима уредот беше дониран на семејството а за монтажата ќе се погрижат вработените од КЛИМИ.мк кои се приклучија кон помошта на ова семејство.
Тимот ,,Подари насмевка” упатува голема благодарност до: Мин-Екс , Ика спорт, Грација пром, Кожувчанка, Ким Неготино, Пекара Здравје, Тим Компјутери и ЦКА-ПХВ Тимот ,,Шарен свет” од ООУ Димката Ангелов Габерот од Ваташа за нивната помош без која што немаше да се реализира нивната цел. Дисемиматор на ЦКА-ПХВ програмата за сите училишта е Даниела Лазовска волонтер во ОО Црвен Крст Кавадарци, истакна за ,,Фокус” Димитар Каракулев од Црвен Крст Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ученици од Кавадарци продаваа крофни и организираа…

Младите хуманитарци од Кавадарци под името ,,Подари…

Голема акција за апсење во Краљево, буџетот…

Во Краљево денеска се уапсени 15 лица,…

Кавадарчанка пријавила дека дечко ѝ ја силувал…

Кавадарчанка пријавила во полиција дека лице со…

Возило се преврте кај кавадаречкото село Дреново

Сообраќајна несреќа се случила утрово кај кавадаречкото…