Училиштето се прости од Михаел, кој трагично загина кај Илинден

t

Со длабока тага, средното училиште „Здравко Цветковски“ се прости од својот ученик Михаел Арсовски, кој заедно со својот татко го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи во близина на полициската база „Брест“, во рамки на Меѓународниот аеродром Скопје.

Од училиштето информираат дека Михаел бил ученик во Г-4а клас и дека неговата ненадејна и трагична смрт длабоко ја погодила целата училишна заедница.

„Со длабока тага ја споделуваме веста за трагичната и ненадејна загуба на нашиот ученик Михаел Арсовски, ученик во Г-4а клас, кој заедно со својот татко трагично го загуби животот“, наведуваат од училиштето.

Оттаму изразија најдлабоко сочувство до семејството, роднините, пријателите, соучениците и сите кои го познавале Михаел.

„Михаел ќе остане засекогаш во нашите сеќавања како дел од нашето училишно семејство. Нека почиваат во мир“, порачаа од „Здравко Цветковски“.

Според информациите од Јавното обвинителство, во несреќата на самото место починале возачот на автомобилот „Хјундаи“ и неговиот 18-годишен син Михаел. Тешко била повредена и неговата 18-годишна ќерка.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле и возачот на „Опел Корса“ и неговиот сопатник, двајцата на иста возраст. Тие биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба.

На местото на несреќата бил извршен увид од дежурен јавен обвинител, вешто лице и увидни екипи на Министерството за внатрешни работи.

Јавниот обвинител издал наредби за обдукција на двете починати лица, додека надлежните институции продолжуваат со истрагата за утврдување на точните причини и околности под кои се случила тешката сообраќајна несреќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Училиштето се прости од Михаел, кој трагично…

Со длабока тага, средното училиште „Здравко Цветковски“…

Македонците знаат нешто што не знаат Австријците:…

Гугл го гради својот прв центар за…

ВМРО-ДПМНЕ: Нискиот и уличарски речник на СДС…

Нискиот и уличарски речник на СДС е…

Кушнер: Може да има мир ако Украина…

Советникот и зет на американскиот претседател, Џаред…

Полицијата заплени голема количина марихуана – еве…

Полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“…