Уште да се откажат од бифтеците и приватните авиони: Државата ќе потроши над 50 милиони евра за ваучерите за електронски уреди за студенти
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вечерва изјави дека за ваучерите со кои државата им дава финансиска помош на студентите за купување електронски уреди, лаптопи или таблети, ќе бидат потрошени над 50 милиони евра од државниот буџет. Тоа е дигитализацијата во пракса, вели Андоновски.
„Премиерот ја најави мерката пред околу десет месеци и прво ја презедовме во буџетот за оваа година, бидејќи беше многу доцна да се предвиди минатата година во буџетот, а оваа година почнавме со нејзина реализација. Ова е дигитализација во пракса, затоа што не може само да дигитализираме услуги, треба им овозможиме алатки на младите. Во исто време Владата вработува специјализанти и лекари во институциите, вработува полицајци, ангажира млади луѓе во одбраната. Ние во нашето Министерство имаме нова тура на млади луѓе коишто ни се приклучуваат на тој начин отвораме институции што се клучни за граѓаните кон младите кон новата генерација“, рече Андоновски во гостување на „Канал 5“.
Андоновски ги повикува младите да се пријават на порталот uslugi.gov.mk. за полесно да аплицираат за ваучерот.
-Се уште не е започнато аплицирањето за ваучерите, но младите да си направат свој профил на овој портал за да можат лесно од дома да се пријават и да ги добијат ваучерите без да чекаат во редови, посочи министерот.
Пратениците во петокот на 24 јули го донесоа Законот за издавање вредносни ваучери, со кој секој студент на државните и праватните факултети ќе добие по 250 евра за електронски уред. Согласно законот, секој студент запишан на додипломски студии до 29 години од септември ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за да набави електронско помагало во форма на лап топ, таблет или персонален компјутер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште да се откажат од бифтеците и…
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вечерва…
Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и…
Денеска (19.04.2024) министерот за внатрешни работи Панче…
(Документи)Македонската Православна Црква ќе се преименува, не…
Бидејќи се поделивме по сите основи, без…
Владата во Франција со ваучери помага за…
На 15 септември, Владата во Франција ги…
Божиќно пocлание на г.г. Стефан: Да подариме…
Божјата љубов кон нас се покажа во…