Физички нападнати тројца пожарникари во Куманово

t

Тројца пожарникари од Куманово биле физички нападнати во кругот на Територијалната противпожарна единица. Пожарникарите кои биле на должност биле нападнати со тупаници и камења.

Од Синдикатот на пожарникарите при НСДА најостро го осудија насилството, нагласувајќи дека нападот врз службени лица кои се во служба на заедницата е недозволив. Тие упатија барање до МВР и Обвинителството итно да ги процесуираат напаѓачите до надлежниот суд, потенцирајќи дека за напад врз овластено лице мора да се сноси кривична одговорност.

Нападот го осуди и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Тој апелираше за брза реакција на институциите и порача дека сторителите мора да одговараат согласно законот. Димитриевски истакна дека пожарникарите заслужуваат почит за нивната хумана професија, а на повредените им посака побрзо закрепнување.

СВР Куманово веќе презеде мерки и приведе две лица на 32-годишна возраст во врска со инцидентот, објави 4news.mk Според полициското соопштение, лицата Љ.Г. и Ф.С. се сомничат дека физички го нападнале 35-годишниот вработен во единицата, С.С. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Од Општата болница во Куманово потврдија дека кај нив е примено едно лице со повреди на главата. По укажаната лекарска помош, повредениот пожарникар е пуштен на домашно лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Физички нападнати тројца пожарникари во Куманово

Тројца пожарникари од Куманово биле физички нападнати…

Поранешниот норвешки премиер е официјално обвинет за…

Фото:википедија Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е…

Трамп се повлече: ICE ја заврши операцијата…

Операцијата за засилена имиграциска контрола на САД…

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите…

OK Белгиската полиција спроведе претрес во просториите…

Меркел негира дека би можела да биде…

Поранешната долгогодишна германска канцеларка, Ангела Меркел (71),…