Меркел негира дека би можела да биде претседател на Германија
Поранешната долгогодишна германска канцеларка, Ангела Меркел (71), денес ги негираше медиумските извештаи дека би можела да биде кандидат за функцијата претседател.
Од кабинетот на Меркел изјавија за весникот „Тагешпигел“ дека тврдењата на весникот „Билд“ дека поранешната канцеларка (2005-2021) би можела да се врати во политиката и да ја разгледа можноста да биде кандидат за претседател на Германија се „апсурдни“.
„Билд“ претходно изјави дека постои загриженост во врвот на Христијанско-демократската унија (CDU), која Меркел ја водеше 18,5 години, бидејќи Зелените би можеле да ја предложат за наследник на Франк-Валтер Штајнмаер.
Досега, ниту еден од германските канцелари не ја презеде функцијата претседател, кој го избира Парламентот и има значително помали овластувања од шефот на владата.
Одлуката за наследникот на Штајнмаер ќе ја донесе Бундестагот на почетокот на 2027 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За влез во Грција, утрово се чека…
АМСМ инфoрмира дека утрово сообраќајот на државните…
Девет активни пожари, огнот беснее на повеќе…
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани…
Сонце и пеколна жега, па невреме: Денеска…
Сончево и многу топло време со температури…
Вирусот Западен Нил се шири низ Европа,…
Десетина европски земји пријавиле локално пренесени случаи…
„Тајмс“: На Вучиќ му истекува времето, студентите…
Британскиот весник „Тајмс“ објави длабинска анализа за…